еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нов пункт за издавање лични документи ќе биде отворен во Идризово

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека в среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамки на Центарот за обука во Идризово.

Тошковски информира дека Министерството за внатрешни работи има обрасци кои ќе бидат доволни до почеток на мај, но, најголем проблем, како што рече, е печатењето лични документи. Месечно, наместо по 50 илјади пасоши се печатат од 75 до 80 илјади.

„Обрасци, најверојатно ќе има до 8. мај, до избори или до првата недела од мај. Но, не сакам да го оставам истиот проблем што го затекнав првиот ден. Сакам да обезбедиме континуитет, да има повторно достава на обрасци.

Имаме околу 400.000 обрасци кои треба да се испорачаат до јуни. Целта е од тие 400 илјади да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката,“ рече Тошковски во утринската програма на „Слободен печат“.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србин паднал од тераса во хотел во Охрид

Редакција

Македонци инволвирани во наместени фудбалски натпревари во Белгија

Редакција

(Видео) Земјотресот ги вознемири и жителите на скопската Зоолошка градина

Редакција