еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеничката Ременски и таткото на Боки 13 останаа без пасоши

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и на осомничените за „Рекет“, Фросина Ременски и Миле Јовановски им ги одзеде пасошите. Тие еднаш неделно ќе треба се јавуваат во суд и да не го напуштаат Скопје.

На асистенката на Јасна Мандиќ, потпреседателката на невладината на Боки 13, Меѓународниот сојуз, одредена и е мерка привремено одземање на патната за преминување на државната граница.

– Постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот.

Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член 146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, додека за Х.Б. мерка за претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 – привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Против овие решенија, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба пред кривичниот
совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ременски не чувствува вина за „Рекет“

И такото на Боки 13, Миле Јовановски, не чувствува вина за „Рекет“

Каков имот пријавила осомничената за „Рекет“, Фросина Ременски

Куќен притвор за „Рекет“ за Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Северномакедонците би можеле барем да се воздржат ако не можат да ја поддржат Србија“: Реакции за македонското коспонзорството на резолуцијата за Сребреница

Редакција

Екстрадиран и спроведен Ј.Љ., осомничен за убиство на Никола Саздовски-Саздо

Редакција

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Редакција