Александар Кирковски испишува историја во планинското трчање во Македонија, бидејќи постигна уште еден неверојатен успех, највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва го качи и симна за помалку од десет часа.
„Не беше се така лесно, а во одреден момент и под знак прашалник поради проблеми со мрзнење на стапалата. Го дадов својот максимум, физички и психички најдоброто од себе во овие околности.
Благодарам на сите кои придонесоа ова да се случи, ќе ги набројувам во наредна прилика. Имаме пионерски потфат во балкански рамки и резултат вреден пошироко, направен со години труд и ентузијазам.
Нека биде мотив за многу идни генерации планински спортисти! Јас со љубов го посветувам на Наталија Крстевска за целата поддршка во минативе над 5 години, а истовремено и на големите пријатели од планината Калина и Ачко кои прерано не напуштија минатиот фебруари. Ми беа во мислите!“, вели тој.
Кирковски во балкански рамки за најбрзо време има искачено голем број на врвови во регионот, кои се технички захтевни.
Фотографијата на Кирковски е направена по враќањето во цивилизација, откако 15 дена помина во аклиматизација и чекање на поволен момент за да го искачи врвот.
Фото: Александар Кирковски