еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонците несвесни за убавината на земјата: Голем Град вистинска реткост

Голем Град или Змиски Остров е остров во Преспанското Езеро и е најголем остров во земјава. Има елипсовидна форма со должина од 750 м, а широк 450 м, со највисок дел 50 м над езерото.

Островот Голем Град е исклучително значајно подрачје од Националниот парк Галичица поради постоењето на неколку еколошки феномени.

Од растителниот свет јасно се издвојуваат две шумски заедници и тоа шумата на дива фоја и шумата на вебиевиот бадем и мазната коприква. Од животинскиот свет присутни се големиот корморан и кадрoглавиот пеликан.

Карактеристична појава на островот е тоа што единките од змијата рибарка и скалестата гуштерица се многу покрупни во однос на единките од копнените популации, додека единките на поскокот се со џуџест раст.

На островот на релативно мала површина сконцентрирани се голем број културно-историски споменици. Освен сочуваната црква “Св. Петар”, средновековната црква “Св. Димитрија” постои и ранохристијанска базилика, каде се откриени остатоци од поден мозаик.

Текст/Фото: Национален парк Галичица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено обвинение за првиот случај „Јавна соба“, вториот се уште е во предистрага

Редакција

Директорот на Фондот за здравство, Ахмети, поднесе оставка

Редакција

Штип има најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители, следуваат Куманово и Скопје

Редакција