еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонката Татјана Јанушева во најновата кампања на познатиот италјански бренд Miss Sixty

Во најновата кампања на познатиот италјански бренд Miss Sixty едно од заштитните лица е нашиот интернационален модел Татјана Јанушева.

Кампањата беше изработена на неколку познати локации во Париз и околината, во само неколку дена. Како заштитно лице токму на овој бренд во претходните кампањи беше и супер моделот Бела Хадид.

Инаку Татјана во последнава година го направи својот интернационален пробив каде потпиша договор со престижната модна агенција Next Mаnagement.

Јанушева во изминатиот период кај нас беше ангажирана за сите поголеми брендови и дизајнери, меѓутоа последнава година работи исклучиво во Париз и Милано.

Нејзината рафинирана убавина, големата посветеност и подршката од најблиските ја пласираа во најголемите модни центри. Интернационално ја застапуваат JS Mаnagement од Белград под директно водство на фантастичната Јелена Ивановиќ во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент.

Татјана секако продолжува со работа, а според нејзиното искуство до сега, ни покажа како се гради една успешна кариера во светскиот моделинг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Локализиран пожарот кај Фурка

Редакција

Лидерите „демек“ загрижени за нашето здравје, со различна математика за датум за избори

Редакција

Намалување од 37,2% на заболени со Ковид-19, просечниот процент на позитивност, 7,5%

Редакција