еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонскиот модел Павле Николовски во кампања за „Уријел“ накит

Моделот Павле Николовски веќе добро познат лик во модниот свет неодамна се врати од Абу Даби и Дубаи каде работно престојуваше две недели. Овојпат нашиот интернационален модел се појави во новата кампања за унисекс накитот создаден од дизајнерката и уметница Јелена Мандиќ.

Големото искуство и професионалноста на нашиот модел го воодушеви целиот тим.

„Магично и нестварно, Јелена има таква моќ и енергија што – мислам да и дадете песок ќе го преобликува во злато,” вели Николовски за новата кампања.

Од матичната агенција „Моделс Ин“ велат дека овие фотографии се една исклучителна арапска фантазија со примеси на франсускиот стил.

Колекцијата на накит го носи името „Bonbons de Sole” односно свилени бонбони.

Јелена Мандиќ од секогаш била фасцинирана со стаклото. Како мис на Србија и Црна Гора во далечната 2005 година учествуваше  на изборот на Мис на универзум и ја освоји престижната стипендеја за мастер студии во странство.

Потоа во 2008-та година со огромен успех ги завршува магистерските студии на познатата меѓународната академија CERAM во (Antipolis) Јужна Франција, каде со компаративно студирање на менаџмент и стратегии во туризмот ги започнува студиите за стакло.

Учењето  на техниката „Lampwork“ ја започнува кај Claire Bangme, нејзината приватна професорка во Франција, а го продолжува своето усовршување кај најеминентните германски, холандски, италијански и американски мајстори за стакло.

„Lampwork“ техниката е интересен процес на изработување на стакло која користи двоен пламен (плин и кислород) за топење на шипки од проѕирно обоено мурано стакло за изработка на накит. Иако ваквиот метод на уметност се практикува од древните сириски времиња, станува на широко применета во Мурано (Италија) во 14/15 век, а некаде во тоа време и во Франција.

Јелена Мандиќ својата инспирација воглавно ја пронаоѓа во природата и низ нејзините патувања, затоа сите нејзини креации се толку шарени. Името на брендот Urujell го создала со додавање на првата буква од нејзиното име Јелена (што значи вечен пламен) и името на Архангелот Уријел (ангелот на пламенот и огнот). Заради овој податок колекцијата на накит „Уријел“ ја носи светлината и среќата на сите кои го носат.

Оваа уметница живее и работи во Франција, а од неодамна својата уметност ја пласирала  во Обединети  Арапски Емирати каде што има свој застапник, Ксенија Плавшиќ, која воедно ја организираше првата изложба на накитот „Уријел“ во Абу Даби.

Меѓу најпознатите светски дами кој го носеле накитот „Уријел“ се: принцезата Барбара Караџорѓевиќ, принцезата Марија Габријела од Савоја, познатиот светски модел и актерка Викторија Силвестед, познатата либанска политичка новинарка Шантал Салибаи и многу други познати дами во светот.

Новото лице на брендот Urijell е македонскиот интернационален модел Павле Николовски. Овие фотографии се направени непосредно пред самата изложба во прекрасните делови на Абу Даби, каде топлите и длабоки сини очи на нашиот убавец Павле се пресликуваат со морето на арапскиот залив и нијансите на уникатниот накит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе го преземе ли Фатмир Етеми управувањето со „Скопски пазар“?

Редакција

Србија на трето место во светот по оружје во рацете на цивили

Редакција

Уметниците ќе донираат уметнички слики за помош во Грција

Редакција