еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Уметниците ќе донираат уметнички слики за помош во Грција

Графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула на неговиот фејбук-профил објави информација дека грчките уметници донирале свои дела како помош и солидарност после земјотресот 63 година, и истите тие дела на 26 овој месец ќе бидат изложени во МСУ.

„Денес Атина ја снајде слична катастрофа еве и еден повик до сите уметници, дизанери да донираме по едно дело и целата колекција да ја испратиме како знак на поддршка и пријателство“, напиша тој во повикот.

Еден ден потоа, Кардула исто така напиша дека позитивно се реагирало на иницијативата за донирање на уметничко дело.

„За да може да се организираме и да биде се како што треба би ги замолил сите уметници кои се заинтересирани за донација да ми потврдат во инбокс. До сега неколку уметници веќе потврдија дека се спремни да донираат.  Се надевам дека ќе собереме одлична колекција со која ќе ја покажеме нашата солидарност со грчкиот народ кој во овој момент се соочува со огромна трагедија. Да не заборавиме дека грчките уметници истото го сторија и за Скопје после катастрофалниот земјотрес `63 година“, потсети Кардула.

Фото: Фејсбук-профил на Зоран Кардула

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот премиер Јанев: По изборите во Бугарија и Македонија, дијалогот ќе добие поинакво значење

Редакција

Конзорциумот „Зимак“ и „Новоматрикс“ го доби тендерот на ЕСМ за помошна механизација вреден 3,2 милиони евра

Редакција

Владата да интервенира и за долговите на јавните претпријатија кон останатите снабдувачи со струја, велат од Енерџи Деливери Солушнс

Редакција