Денеска високите воени претставници од Воениот комитет на НАТО во касарната Илинден имаа прилика да ја видат подготвеноста и дел од опремата на дел од декларираните единици од полкот за специјални операции, средната пешадиска баталјонска група, хеликоптерскиот детачмент, четата на воена полиција, инженерискиот вод и полската болница со улога 2.
„Полкот за специјални операции беше домаќин на највисокото воено тело на НАТО – Воениот комитет предводено од заменик претседавачот, генерал-потполковник Стивен Шапро. Големо БРАВО за сите припадници на АРМ кои денес ја претставија Македонија на најсветол можен начин. Демонстриравме што знаеме и што можеме. Оставаме другите да зборуваат за нас“, напиша генералот Методи Хаџи Јанев на неговата фејсбук-страница.
Фото: Фејсбук-страница на генерал Методи Хаџи Јанев