еМагазин
Image default
Македонија

Заев: АСНОМ во преамбулата на Уставот ќе биде спомнат двапати

АСНОМ не се брише од Преамбулата на Уставот, тој ќе се содржи двапати. Во Преамбулата ќе се додадат и зборовите Охридски рамковен договор со што ќе се потврди историското значење  за нашата држава.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во образложението на нацрт-амандманите на Уставот на денешната седница на Комисијата за уставни прашања.

Тој ги образложи четирите нацрт-амандмани што ги предложи Владата, а за кои рече дека ја заслужуваат поддршката од сите пратеници во Собранието во име на ЕУ интеграциите и новата политичка реалност.

– Пратениците, со поддршка на иницијативата, ќе покажат дека се за европска индина на Македонија, рече Заев пред Уставната комисија.

Седницата на Комисија за уставни прашања може да трае 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1 декември.

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ванчо Ѓорѓиев си поднесе оставка од заедничката Комисија со Бугарија, ги повика и другите членови да не си ја „виткаат кичмата“

Редакција

Д-р Даниловски: Потребни се викенд-карантини за да здивнат здравствените работници

Редакција

Грчки медиуми: Министерката Мизрахи од ВМРО продолжува да провоцира

Редакција