Падната е една од оградите на последниот мост на река Пена во Тетово на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ познат како Индустриска улица. Граѓани од блискиот станбен комплекс на згради Блок 70 кога забележале дека е падната оградата јавиле за проблемот во пожарната и полицијата.
-Околу 18 часот добивме повик од граѓаните дека е падната оградата од мостот. Интервениравме веднаш со поставување на дрвени палети и ленти со цел да се ограничи движењето кон границите на мостот и да се избегне опасност од паѓање во реката, информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна.
Граѓаните кои се обратија до нашата редакција информираа дека оваа ограда веќе подолго време била нестабилна и се нишала.
МИА/Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.