еМагазин
Image default
Локално

(Фото) МВР откри пет пушки и украдено возило при претрес во прилепско

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-ОВР-Прилеп, извршија три претреси во с.Големо Радобил, прилепско, при што е пронајдено и одземено нелегално оружје (пет пушки) и пронајдено и одземено едно патничко моторно возило кое претходно беше пријавено за украдено, информира МВР.

„Во домот на М.М. (52) пронајден и одземен е еден ловен карабин 7,9 модел 98, кај Т.Ј. (41) пронајдени и одземени се два ловни карабини и 42 парчиња муниција и кај Ф.Ц. (49) пронајдени и одземени се една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин и одземено возило „волво“, кое претходно е пријавено за украдено. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопшти МВР.

Фото:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен случај: Молери натепале и ограбиле скопјанец

Редакција

Им се заканувал на вработените во „пасошко“ кај МРТВ

Редакција

Жена пријавила напад со остар предмет врз сопругот

Редакција