еМагазин
Image default
Локално

(Фото) МВР заплени златни монети од прилепчанец: Претреси во повеќе градови

На 13.11.2020 година по добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот на регионалниот пат, на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип запреле возило „фолксваген“, управувано од И.Н., а сопатник  бил Ш.С. од Кавадарци, информира МВР.

„При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети. Поради постоење на основи на сомнение за кривично дело прикривање по член 261 став 3 во врска со точка 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица Кочани, известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории кај три лица Е.П (43) од Кавадарци, Ш.С. (41) од Кавадарци и И.Н(46) од Прилеп.

Во тек се претреси на уште две локации во Скопје и Кочани. Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измама: На скопјанка и зеле 10.000 евра лажејќи ја дека ќерка и прегазила девојче

Редакција

(Видео) На „одмор“ во поплавениот Аеродром хит на социјалните мрежи

Редакција

Кривична пријава за жена која изградила дивоградба во охридско

Редакција