еМагазин
Image default
Локално

За еден час 150 сообраќајни казни во Струмица

Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Радовиш и Струмица, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Радовиш.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Радовиш да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„За нешто повеќе од еден час во денешната акциска контрола во Струмица се изречени над 150 санкции, а во Радовиш се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени три лица по масовна тепачка во дискотека во Кавадарци

Редакција

Двајца скопјани се тепале со двајца струмичани на паркинг во Скопје

Редакција

Повторно намален водостојот на Охридското Езеро

Редакција