Здравствениот работник Денис Јанкуловски Космонаутко, кој поради неговиот придонес за полесно надминување на ковид-кризата беше прогласен и за „Европеец на годината“, се испроба и како актер, што му било огромна желба.
„Oд дневникот на Космонаутко или „баба меца вакцинирина 29.05.2021“. Овој ден ќе остане засекогаш врежан во мојата меморија. Вчера во вечерните часови јас бев дел од претставата „Лакомата меца“ во Театарот за деца и младинци. Бев Космонаутко пред дечиња, бев на сцена, бев на даските што живот значат. Бев актер.
Ејјјјјјјјј……остварување на сон, човече. Поканата на Владимир Лазовски да учевствувам во оваа преубава претстава за мене беше како да сум добил Оскар. Ма два Оскари.
Колку и да сум уморен, колку и да ми се колената какви што ми се наназад 6-7 години, немаше шанси да ја одбијам оваа понуда. Заради тоа што, ова е тоа што го посакувам од дете, заради тоа што е покана од драги пријатели кои колку и да имав трема пред да стапнам на сцената, веднаш ме ослободија, а најмногу затоа што се работеше за публика која е најискрената, најдобрата, највеселата и најзабавната – децата.
Не можам да ви опишам како се чувствував кога стапнав на сцената. Тоа се доживува, не се опишува. Ви благодарам Театар за деца и младинци што ми го овозможивте ова искуство за кое немам доволно зборови да го опишам, чувства и емоции кои се уште траат, а верувам дека засекогаш ќе останат.
Гуш и бац од Космонаутко актерко,“ напиша Космонаутко на неговиот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) „Не заигравме, но срдечно се поздравивме“: Космонаутко го вакцинираше и Шилегов
Фото: Фејсбук/Јанкуловски