еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) „Не заигравме, но срдечно се поздравивме“: Космонаутко го вакцинираше и Шилегов

Синоќа против Ковид-19 се вакцинираше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Вечерва во Центарот за вакцинација во салата “Борис Трајковски” го остварив своето право, но и обврска на вакцинација против вирусот Ковид-19.

Само со масовна вакцинација, можеме заеднички да ја победиме оваа болест. Ве повикувам да го искористите своето право на вакцинација! Заедно да победиме!!!

Особено задоволство ми беше што вакцинацијата (а и брисевите кога бев болен) ја добив лично од Денис Јанкуловски – Космонаутко. Не заигравме, ама срдечно се поздравивме. Поздрав за сите прекрасни луѓе од медицинскиот и техничкиот персонал во Центарот. Вакцинирајте се!!!“, напиша Шилегов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Космонаутко ја вакцинираше Шекеринска против Ковид-19 која со маичка порача: „Во одбрана на здравјето – вакцинирајте се!“

(Фото) Денис Јанкуловски Космонаутко добитник на наградата „Европејци на годината“, кои се другите наградени?

Фото: Фејсбук/Шилегов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот, ќе влеземе во политичка криза

Редакција

Апасиев го тужи Tалат Џафери за политичка дискриминација

Редакција

Убава вест: Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со корона вирусот

Редакција