еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот, ќе влеземе во политичка криза

Нека продолжат на сила да го туркаат процесот за Пописот, кажувам дека опозицијата нема да биде конструктивна и влегуваме во политичка криза, па да видиме кој ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите, доколку одлучат насилно да продолжат со процесот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

Прашан за што ќе разговараат на средбата во понеделник со Зоран Заев и дали ќе ја прифати понудата за широка коалиција, Мицкоски, рече дека на средбата оди заради тоа што народот очекува нешто да се направи за нивните проблеми, а не цело време меѓусебно да се напаѓаат.

– Не зборувам за широка коалиција, мојот став е експертска влада што треба да ги организира следните локални избори или влада на национално единство и тоа и е потребно на државата, рече Мицкоски.

За можноста да се разговара за предвремени избори заедно со локалните, Мицкоски рече дека ќе се разговара и дека се можни само локални избори, па од резултатите од тоа се можно три сценарија.

Прашан дали може да побара одложување на Пописот на средбата со Заев во понеделник, Мицкоски рече дека гледајќи ги нивните ставови во јавноста, не се подготвени за разговор и тоа нема да биде тема на средбата.

Нека си тераат попис, порача Мицкоски, па ќе видиме како ќе заврши тоа.

– Здравјето нема цена. Ние ќе повикаме граѓаните да си го заштитат здравјето, ако се чувствуваат небезбедно да не отвораат врата, рече Мицкоски, прашан дали можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на бојкот на пописот.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство: Нема законски пречки Интерпол да објави потерница по Груевски

Редакција

Сертификатот за вакцинација за патување на македонските граѓани во Грција и други земји е готов

Редакција

(Видео) Министерката Петровска во Киев: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност

Редакција