еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сертификатот за вакцинација за патување на македонските граѓани во Грција и други земји е готов

Министерот за здравство Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител посочи дека Македонија веќе има изготвено сертификат за вакцинација, по насоки на Европската Унија, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа.

Според најавите кои Филипче ги добил од грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела листа на лаборатории за ПЦР тестови за Ковид-19, кои можат да издадат потврда за патување во Грција

Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР тест, кој може да го направат во една од 20 лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците од 14 мај ќе може да патуваат во Грција, потврди грчкиот министер за туризам

“Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини.

Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани.

Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест. Ние имаме листа од 20- тина овластени лаборатории кои стручната Комисија на Министерството за здравство и дел од Комисијата за заразни болести утврдиле дека работат во соодветни стандарди и тие лаборатории со издаден ПЦР тест, се разбира  доколку е тој негативен, граѓаните ќе имаат можност да влезат во Грција.

Сега чекаме и официјална потврда, а секако ја следиме и епидемиолошката состојба“, рече Филипче.

Тој беше прашан и дали со една доза на вакцината “АстраЗенека“ ќе може да се патува во странство, на што министерот одговори дека таква одлука се уште нема, но и дека таква одлука има и така функционира Велика Британија.

“Таа тоа го дозволи поради две работи, прво за пократко време да бидат вакцинирани што поголем број граѓани, но во исто време потврдувајќи дека само една доза создава сосема доволна количина на антитела и веќе 2-3 недели после вакцинацијата граѓаните се целосно заштитени“, рече министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет „линии на одбрана“ против Ковид-19 за летување во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камион усмрти велосипедист на патот Осломеј-Кичево

Редакција

Твитер за превирањата во ВМРО-ДПМНЕ: „Следна за исклучување била струјата“

Редакција

Агенцијата за храна и ветеринарство вработува 26 лица, плата до 25.123 денари

Редакција