еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Пет „линии на одбрана“ против Ковид-19 за летување во Грција

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, кој деновиве е во посета на повеќе земји од Европа, во интервју за германските медиуми го објави планот на неговата земја за туристичката сезона.

Тој наведе пет таканаречени линии на одбрана во пресрет на отварањето на Грција закажано за 14 мај, што сепак ќе зависи од моменталната епидемилиошка слика во Европа и во неговата земја.

Според „првата линија на одбрана“, секој странски турист ќе мора да има потврда дека бил вакциниран против Ковид-19, дека ја прележал болеста или да покаже негативен резултат на тест за вирусот.

Со „втората линија на одбрана“ Грција планира да врши тестови од примерок туристи по пристигнувањето. Оваа стратегија за контрола ќе биде насочена особено кон оние кои доаѓаат од земји каде претходниот ден имало концентрација на позитивни случаи.

„Третата линија на одбрана“ превидува туристите веднаш да се стават во карантин во случај на позитивен тест, а потоа да се подложат на детален ПЦР тест.

„Четврта линија на одбрана“ се општи правила за безбедност, како што се задолжителна употреба на маска или држење дистанца, ограничувања за ресторани, автобуси, туристички излети и разгледувања.

Последната, „петта линија на одбрана“ е дека за туристите ќе важат истите правила како и за Грците односно ако за нив постои обврска да носат маска, истото ќе важи за сите, без оглед дали се вакцинирани или не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се чека официјална одлука од Грција за отворање на границата

Фото: Ruptly

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со резолуција, Американскиот Сенат едногласно го прогласи Путин за воен злосторник

Редакција

Студии: Излекуваните од Ковид-19 развиваат имунитет

Редакција

„Вардарградба“ го доби тендерот за изградба на државни згради во Бутел „тежок“ 8,4 милиони евра

Редакција