Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева блесна во најновата кампања за брендот Страдивариус.
Иако кампањата беше изработена пред само една недела во Барселона креативниот тим на брендот го објави материјалот уште пред два дена на нивниот сајт.
Јанушева после успесите и ангажманите од мината година каде работеше на одлични проекти во Париз и Милано, сега ја освојува и Шпанија.
„Веќе е букирана и за други модни кампањи кои допрва треба да ги изработи. Како дел од најдобрата светска модна агенција Next Model Management, Татјана ја има таа привилегија да биде во самиот центар на модните случувања.
Уште еднаш се докажа дека Јелена Ивановиќ (JS Management) никогаш не греши во проценката да избере супер модел од овие наши простори. А нашата Татјана сосема заслужено се вивна во самиот врв на модните случувања бидејќи ние како нејзина матична агенција одамна ги препознавме сите нејзини неверојатни квалитети,“ велат од Моделс ИН Менаџмент.