еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За брз кредит од 9.000 денари наплатени 75.752 денари: Бидете внимателни!

Презентирајќи го годишниот извештај за работата, народниот правобранител Насер Зибери посочи пример за земен брз кредит од 9.000 денари, кој го зел граѓанин, кој поднел претставка, и кој бил принуден да плати сума за осум пати поголема од главниот долг.

-За да има јавноста јасна престава за што зборувам ќе илустритам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнење со негова исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат други огромни трошоци.

Така за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846, денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомената 5.900, денари долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума за осум пати поголема од главнит долг, рече Зибери.

Бидејќи со сегашната законска регулатива граѓаните корисници на овие брзи кредити се ставаат во огромни долгови, народниот правобранител бара веднаш да се пристапи кон нејзина измена со цел граѓаните при враќањето на кредитите да не бидат повеќекратно оштетени.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јужното овошје и дел од зеленчукот треба да поевтинат, намалена е царината и зголемени квотите за увоз

Редакција

Нов рекорд: 1.085 случаи на Ковид-19, во Скопје 447

Редакција

Смислена стратегија е отворањето на бугарските клубови со провокативни имиња, вели Малинка Ристевска-Јорданова

Редакција