Утрово на границата со Србија за излез од државата се чекало повеќе од еден час, вели граѓанин за еМагазин, кој денеска ќе се вакцинира во Србија.
Имало огромни колони на возила кои после 5 часот чекале да излезат од државата.
Оваа гужва се создаде, бидејќи македонската Влада, не ги признава дозволите за движење за време на полициски час за патување кон Србија, иако дел од граѓаните кои требаа да патуваат ги побараа и ги добија. МВР најпрво им издаде дозволи на граѓаните кои бараа, а потоа им укажа дека истите нема да важат. Истото се однесува и на дозволите издадени од претходниот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Па оттука, граѓаните беа принудени да тргнат во пет часот, поради што дополнително се малтретираат и чекаат на граница.
Но, Србите излегоа во пресрет, па ќе толерираат преместување на термини. Граѓаните заминуваат да се вакцинираат, бидејќи вакцини во државата нема.
Утре ќе пристигнат 28.000 дози на Астра/Зенека наменети за приоритените категории на граѓани.
Масовната имунизација на граѓаните кои сакаат да се вакцинираат, а не влегуваат во ниту една од приоритетните групи не се знае кога ќе почне, затоа и огромниот интерес за вакцинирање во Србија.
Граѓаните се исплашени и поради британскиот сој на вирусот кој најповеќе се шири помеѓу младите и предизвикува компликации за три дена, поради што болниците се полни.
Точната бројка на вакцинирани граѓани од Македонија се уште не се знае, но се очекуваат од Србија бројки следната недела.
Белградски Саем викендов ќе ја собере поранешна Југославија, бидејќи ќе се вакцинираат и граѓаните од соседните држави на Србија. Вакцинирањето е на трошок на српските здравствени осигуреници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: emagazin.mk/насловна: МЗ