еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) По дочекот на Нова Година во Скопје собрани 40 кубни метри отпад

Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје новогодишната ноќ и првото јануарско утро го дочекаа работно. Секоја година, на 1 јануари, по завршувањето на новогодишната прослава екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го собираат отпадот и го метат градскиот плоштад, информираат од Град Скопје.

„За време на ноќната и утринската смена собраа и транспортираа речиси 40 кубни метри најразличен отпад од новогодишната населба „Winterland“, градскиот плоштад, улицата „Македонија“ и Старата чаршија„, информираат од  ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште една девојка го пријави тренерот по џудо од Прилеп за сексуално вознемирување

Редакција

Скопјанец нападнат по расправија околу предност во сообраќајот

Редакција

Твитер во „црвено“ за одлуката на Владата за отварање на границата без ПЦР тест само со Косово

Редакција