еМагазин
Свет

(Фото) Пратеник на канадскиот Парламент се појави гол на онлајн седница

Член на канадскиот Парламент се појави гол на интернет-седница на Долниот дом. На снимката што стигна и до медиумите, се гледа како политичарот стои зад бирото, меѓу знамето на покраината Квебек и националното знаме на Канада, криејќи ги неговите интимни делови со мобилен телефон.

Се работи за Вилијам Ејмс од Либералната партија, кој го претставува Округот Понтијак во Квебек во Долниот дом од 2015 година.

– Тоа беше несреќна грешка! …Мојата видеокамера случајно се вклучи додека се преслекував, откако се вратив од трчање. Искрено им се извинувам на моите колеги од Долниот дом за ова ненамерно одвлекување внимание.

Очигледно е дека таква грешка не треба да се случи,вели пратеникот во својата електронска изјава потоа.

Поради корона-пандемијата, дел од канадските пратеници присуствуваат на седниците преку видеоврска.

Пратеничката Клод Дебелфој од опозициската партија Блок Квебек покрена процедурално прашање во врска со инцидентот и посочи дека парламентарните правила налагаат машките пратеници да носат палто, панталони, кошула и уредно наместена вратоврска.

Претседателот на комората Ентони Рота ѝ се заблагодари на Дебелфој за нејзиното подробно „набљудување“ и опис и иако самиот тој не видел ништо, ги потсети пратениците секогаш да бидат внимателни кога се близу камера или микрофон.

Ејмс можеше да биде виден од другите пратеници и вработени во Собранието само на внатрешната видеоврска. Бидејќи тој не зеде збор, немаше вклучување во живо.

МИА/Фото: Photo by Ravi Patel on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Осум лица загинаа при киднапирање на автобус во Кина

Редакција

(ВИДЕО) Неверојатни глетки: Снег во пустински американски градови

Редакција

(Фото) Ве набљудуваме: Русија испрати „честитка“ до НАТО со координатите на центрите на моќ

Редакција