еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот Пендаровски честитајќи му го новиот мандат на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган му посакал успешно извршување на одговорната функција.

Шефот на државата изразил подготвеност за продолжување на одличната билатерална соработка и македонско-турското пријателство и партнерство кое се гради и унапредува низ соработката на нашите институции, бизниси и граѓани, соопшти Кабинетот на претседателот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган положи заклетва за нов петгодишен претседателски мандат.

„Се колнам во мојата чест и интегритет пред големата турска нација и историја дека ќе го зачувам постоењето и независноста на државата, дека ќе се придржувам до Уставот, владеењето на правото, демократијата, принципите и реформите на Ататурк и принципите на секуларната република“, рече Ердоган на церемонијата на инаугурација во Парламентот во Анкара.

Ердоган, кој е лидер со најдолго владеење во Турција, победи на неодамнешните претседателски избори.

Во вториот круг освои 52,2 отсто од гласовите и со тоа го победи противкандидатот Кемал Киличдароглу.

Инаугурацијата ќе биде проследена со церемонија во претседателската палата, на која ќе присуствуваат високи претставници од 78 земји и меѓународни организации.

Ердоган стана премиер во 2003 година, откако неговата Партија на правдата и развојот (АК) победи на изборите кон крајот на 2002 година, по најтешката економска криза во Турција од 1970-тите.

Тој стана првиот директно избран претседател на Турција во 2014 година, а беше реизбран во 2018 година, откако ги обезбеди новите извршни претседателски овластувања на референдумот во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџеп Таип Ердоган положи заклетва за нов петгодишен претседателски мандат

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.100 случаи на Ковид-19 од 2.824 тестирања

Редакција

Министерот Манчевски четири часа сведочеше на судењето за насилството во Собрание

Редакција

Османи сам одлучил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

Редакција