еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

ЕУ подготвена на одлучни мерки доколку не се смири ситуацијата на северот на Косово

Неуспехот да се смири ситуацијата на северот на Косово ќе има негативни последици, а Европската унија е подготвена да спроведе решителни мерки во оваа прилика, се вели во соопштението на 27-те земји-членки на ЕУ, објавено на 3 јуни 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград.

-Очекуваме Косово да постапи на начин што нема да ескалира и веднаш да ги прекине полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово, се вели во соопштението.

Во него се додава дека новоизбраните градоначалници привремено треба привремено да ги извршуваат своите должности во други простории мимо општинските згради, и што е можно поскоро да се распишат предвремени избори.

-Очекуваме учество на косовските Срби на овие избори, се вели во изјавата што портпаролот на ЕУ Петер Стано ја објави на Твитер.

Предвремените избори треба што поскоро да се распишат во сите четири општини, наведува ЕУ и додава дека очекува учество на косовските Срби на тие избори.

ЕУ ја изрази својата загриженост за подигнување на борбената готовност на српските вооружени сили.

ЕУ повтори дека силно го осудува насилството врз граѓаните, припадниците на КФОР и полицијата, како и врз новинарите на северот на Косово.

-Ги повикуваме и Косово и Србија веднаш и безусловно да преземат мерки за деескалација, да престанат да ја користат реториката на поделба и да се воздржат од какви било дополнителни некоординирани мерки. Итно треба повторно да се воспостави мир, се наведува во соопштението.

ЕУ очекува и Косово и Србија да се однесуваат одговорно и веднаш да се вклучат во дијалогот, кој се води со посредство на Унијата, со цел да се најде одржливо решение за ситуацијата на северот на Косово.

-Ова вклучува почеток на работата за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО) без натамошно одлагање или предуслови, се вели во соопштението на ЕУ.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Невреме во Кавадарци блокираше неколку патни правци

Редакција

Природниот гас достапен по намалена цена преку „Макпетрол“

Редакција

По растот на инфлацијата, ќе има ли зголемување на каматните стапки на кредитите кои се веќе дадени?

Редакција