Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција, информира на својот Фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче.
„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина, која е многу значајна за нас.
Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Заев, Ердоган и Филипче: Вечера на преубавиот Босфор
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.