еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Разрешување на Јовески и правда побараа граѓани на протестот за пожарот во модуларната болница во Тетово

Група граѓани денеска се собраа пред зградата на Обвинителството и Основен суд во Тетово со цел да реагираат на судскиот процес за трагедијата од 8 септември 2021 кога во пожар во модуларната болница животот го загубија 14 луѓе.

Организаторите од иницијативата „Подобро за Тетово“ побараа политичка одговорност за тоа што никој не добил соодветни казни за трагедијата во Тетово и другите случаи каде граѓани ги загубиле животите.

– За пет години имаме четири трагедии, 97 жртви и нула дена затвор. Затоа довербата во правосудниот систем на оваа држава е нула. Животите на граѓаните станаа заложници на пазарења и тендери без критериуми. Се виде дека корупцијата убива. Од целиот процес се докажа дека Обвинителството и Судот се дел и бранители на злосторничко здружување која ја држи државата во заложништво, истакна Елмедина Абдулахи.

Од иницијативата побараа Владата да реагира.

-Бараме Владата веднаш да го разреши јавниот обвинител Љубомир Јовески и тој заедно со другите обвинители инволвирани во оваа монструозно дело да одговараат кривично. Бараме да се судат и казнат вистинските виновници, вклучително и политичарите кои спротивно на законот го доделија тендерот за изградба на фирмата „Брако“. Нема правда, нема мир, посочи Елмедина Абдулахи во барањата.

Граѓаните носеа натписи со различни пароли, преку кои се бараше да има соодветна правда.

– Без да се среди судството во својата содржина држава нема да има во Македонија. Секој ден може да протестираме, но ова нека биде почеток цела Македонија да реагира. Се случило во Тетово, може да се случи секаде. На никого не го интересира што се случува со народот. А народот ги вработува тие горе. Апел до сите да се отрезнат и сè тоа тоа треба од почетокот. Оваа држава треба да се среди или ќе ја нема. Не ќе ја нема од нас, туку од тие што ја водат, изјави граѓанин учесник на собирот.

Присутните на протестот ги оставија натписите и паролите залепени или закачени на зградата од судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРЛ открива пропусти на Обвинителството за истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, од таму велат дека тоа е манипулација

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нова провокација од Бугарите, овојпат со чистење на споменикот на Гоце Делчев и поставување на бугарското знаме

Редакција

(Видео) Германските лекари со музика ги бодрат нивните колеги во Италија, Шпанија, Франција, САД во борбата против корона вирусот

Редакција

Во среда и четврток на продажба нови акции на ТЕ-ТО

Редакција