еМагазин
Image default
Забава

(Фото) Рекордна посетеност на првиот фестивалски ден на Skopje Wine Expo

Винскиот фестивал под покровителство на град Скопје, вчеравечер забележа рекордна посетеност на првиот фестивалски ден. Голем број на граѓани го посетија „Skopje Wine Expo” и уживаа во дегустација на сортни македонски вина, вински коктели и гурмански деликатеси.

Посетителите на плоштадот „Мајка Тереза“уживаа со Brass Brothers, дуетите на Блага и Ефто, како и во оперската арија која ја отпеа доајенот на македонската музика. Крајот од вечерта беше резервиран за српскиот поп бенд Тропико.

Денеска на фестивалот, под мотото „One Love” настапуваат: Либеро бенд, Графа, Криско, Нокаут, Слаткаристика и Дј Оки Доки.

„Skopje Wine Expo” започнува во 18:00, со „after work” забава, а влезот за посетителите е бесплатен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Елена Ристеска во бизнис води, отвори продукција за млади таленти

Редакција

(Видео) Детален преглед: Кои се добитниците на наградата Оскар?

Редакција

(Фото) Моника Белучи зрачи со сексипил на 56 години

Редакција