еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Ресторан-вила „Осоговска куќа“: Во шумата недостасуваа уште Црвенкапа и волкот

Ресторан вила „Осоговска куќа“ е изградена можеби на најубавото место на Осоговска планина, а до неа се стигнува релативно лесно. На патот од Кочани кон Пониква. Горе на планината, има голема табла која го најавува исклучувањето од десно.

Самото навлегување во шумата, најавува дека местото е длабоко скриено во неа, а високите борови дрвја, уште на почеток ја најавуваат убавината.

„Осоговска куќа“ претставува мал комплекс кој има ресторан, апартмани за спиење (1.600 денари за двајца со појадок), детски катчиња, лулашки за возрасни и деца, мало игралиште за фудбал, и сл.

Но најубавиот дел се платформите за ручање кои се изградени помеѓу дрвјата и висат во воздух. Како куќарки за птици, но секако поголеми.

На нив во зависност од големината, има две или повеќе маси но е убаво бидејќи седите на платформа.

Куќарките висат среде огромните дрвја, а се опкружени со цвеќиња и неверојатна природа.

Ако човек сака да се загуби од останатиот свет, ама да се најде себе си, местото е вистинско.

Вистински бисер на Осоговијата!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СОНК не прифаќа зголемување на платите од 10 отсто, најави штрајк

Редакција

Авиосообраќајот денеска ќе се одвива нормално, одложен штрајкот на контролорите на летање

Редакција

Aндоновски: Предметите од ТМФ ми се признаени на Конкордија во САД

Редакција