еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Се преврте автобус со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“, петмина полесно повредени

Утрово околу 6:30 часот на излезот од индустриската зона „Жабени“ се превртел автобус кој превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“- Битола. Повредени се пет лица, сите полесно. Тие се амбулантски третирани и не се хоспитализирани.

-Сообраќајната незгода веднаш беше пријавена во СВР-Битола и наши полициски службеници извршија увид. Во автобусот се превезувале лица вработени во фабриката и се движеле кон Битола.

Во сообраќајната незгода повредени се возачот и четири патници. Сите се вон животна опасност, изјави за МИА Сања Стаматова, портпаролна СВР-Битола.

Од ЈЗУ Клиничка болница-Битола соопштија дека пет повредени лица се амбулантски третирани, тие се со полесни повреди и не се хоспитализирани

МИА/Фото: apla.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Изгледа брзаат да се одржат изборите додека сме уште живи“: Твитер реакции за растот на заразени со корона вирусот

Редакција

(Галерија) Фотографии кои ќе ве вратат во детството: Санкањето во маало и радостите на снег

Редакција

Мекдоналдс нема да влезе на македонскиот пазар

Редакција