еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Се запали автобус на ЈСП, нема повредени

Неколку минути пред пладне денеска во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета, информираат од ЈСП – Скопје.

-Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што од изјавата на возачот и сведоци, констатира дека пожарот избувнал во делот каде што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета, велат од ЈСП и додаваат дека возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало и едно противпожарно возило.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот, велат од ЈСП.

Фото: Курир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за дебарчанец кој си изградил викендица на парцела на ЕЛЕМ

Редакција

Со нож нападнат малолетник од Арачиново додека чекал автобус

Редакција

Жители од Оризари упаднаа во ЕВН Куманово, оти жителите на Слупчане ги оставија без струја

Редакција