еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жители од Оризари упаднаа во ЕВН Куманово, оти жителите на Слупчане ги оставија без струја

Изутрина жители на селото Оризаре упаднаа во објектот на ЕВН во Куманово, откако претходно жители на Слупчане уништувајќи трансформатори, оставија без струја шест села во липковскиот регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жители на Слупчане уништија трафостаници и оставија без струја шест села

Од компанијата информираа дека вработените ги напуштиле работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа и посочија дека корисничко енерго центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата.

Селата Слупчане и Оризари се уште се без напојување со електрична енергија, соопштија од компанијата.

Од таму велат дека се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Како што велат, екипите на Електродистрибуција работеле цела ноќ на санација на дефекти при што е нормализирано снабдувањето со електрична енергија на селата Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

–Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави без струја селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села. Дефектот на граничниот премин Табановце беше саниран вчера за кратко време, велат од компанијата.

Според податоците на компанијата загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ќе им каже некој на овие од Слупчане дека Тито одамна е умрен“: Твитер реакции за барањата на жителите на селото за долговите за струја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈКП Комуналец – Прилеп склучи договор со „Реалност-06“ вреден 383,7 илјади евра

Редакција

(ВИДЕО) Наркотиците во македонската политика не се новина: Како Љубчо Георгиевски го обвини Бранко Црвенковски дека се „трезни„ со кокаин

Редакција

Утре лидерска средба, ќе има ли договор за датумот за избори и без премиер од ДУИ

Редакција