Синот на Амди Бајрам, Габриел, на својот наследник за роденден му подари порше, а за тоа информираше на неговиот Фејсбук профил.
“Сине мој, слико моја, наследнику на тато, гордост татина, денес ти е роденден и сите сме радосни исто како и кога си се родил пред 20 години.
Отсекогаш го имаше карактерот и храброста на тато,
те израснавме со љубов, но и со грижа да не ти се случи нешто.
Знаеш дека твојата желба за нас, отсекогаш била заповед. Дека твоето барање за нас беше наредба.
Сине наш, знаеме што сонуваш и знам што отсекогаш си посакал. За тебе, тато се ќе даде па дури и душата своја, дури и очите, дури и срцето…., но сепак, толку те сакам што не сакам да ти се случи било што, сакам да те заштитам.
За овој 20-ти роденден, ти купив две подароци, ама само еден ќе ти дадам. Кој? Самиот ти ќе бираш. И двата ти се од срце, но сепак, едниот е без услов, а вториот е со услов.
Едниот подарок е твој и клучевите ти ги даваме веднаш и сега!
Вториот подарок е со услов и се зависи од тебе, а сведок сакаме да е Аллах.
Знам дека го посакуваш, знам дека ти е при срце, ама ете…
Сине се плашам за тебе… премногу и затоа сакаме да ни ветиш нешто, и тоа пред Господ да се заколнеш во џамија: Нема да возиш повеќе од 150 на час, ќе возиш внимателно и ќе пазиш на секое твое движење, ќе го чуваш и негуваш, бидејќи е твој и ничиј друг, ќе го почитуваш дадениот збор.
Сега ти бираш, или подарок без услов, или подарок со услов. Клучевите се твои, изборот е твој“, напиша тој.
Фото: Фејсбук/Бајрам