Благодарение на омилениот пивски бренд „Скопско“, а во духот на неговиот слоган „За нас“ денеска жителите на општина Карпош добија нов летниковец, донација од „Пивара Скопје“. Станува збор за ново место за дружење и за рекреација, каде што граѓаните на оваа општина ќе имаат можност да го поминуваат времето заедно и да го негуваат маалскиот живот, кој сите ние полека го забораваме.
Станува збор за донација на првиот од вкупно 15 летниковци, кои ќе бидат поставени во различни општини низ земјава, а која произлезе токму од духот на „Скопско“ пиво, кое со својата најнова кампања нè потсетува на пријателствата, маалските анегдоти и приказни и на сите други мали нешта што ни значат, нè зближуваат и нè радуваат.
Летниковците се места за дружење каде што се играат најразлични друштвени игри – табла, шах и карти, но и каде што можеме да седнеме, да ги запознаеме сите соседи што живеат над нас, под нас, спроти нас, да испиеме по едно „Скопско“ и да разговараме за сè и сешто. Да подзастанеме и да се одмориме од горештините, да ги наштимуваме велосипедите пред да тргнеме во авантура или да се направи последен договор пред баскет. Летниковците се симбол за заедништво и на насмевки, симбол за растењето на многу генерации заедно.
„Скопско“ пиво со оваа акција и со новите летниковци ќе донесе многу насмевки и ќе создаде уште подобри услови за да се раскажуваат и пренесуваат среќни приказни за маалските дружби, за пријателите, ЗА НАС. Нека ни е на здравје со СКОПСКО!