еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Со сечење на џиновската пастрмајлија и настап на Саша Ковачевиќ, Пајак и Лара, започна „Штипската пастрмајлијада“

Со сечење на џиновската пастрмалија, синоќа почна манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2023 година“.

Џиновската пастрмалија е приготвена со 16 килограми свинско месо, тестото е долго над два метра, а широко е околу еден метар. За овој познат штипски гурмански бренд, беа ангажирани петмина мајстори.

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов и членовите на групата „Некст тајм“ ја отворија манифестацијата.

Јорданов истакна дека е чест да се започне најзабавната и најмасовна манифестација.

– Оваа вечер посакувам добра забава, да има многу изедени пастрмајлии. Затоа што штипјани се добри домаќини, но и добри гурмани и убеден сум дека на правилен и вистински начин ќе го презентираме штипскиот бренд, а тоа е штипската пастрмалија, рече Јорданов.

На свеченото отворање присуствуваше и Доминик Роудс, заменик амбасадор на Велика Британија, кој истакна дека првпат ќе го проба познатиот штипски гурмански бренд.

Синоќа пееја Саша Ковачевиќ, Пајак и Лара, а вечерва ќе настапат Амадеус бенд, Љубојна, една од нашите најреномирани групи, како и хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ.

Што се однесува за возилата при влез во градот се организирани екипите на ЈП „Стипион“. Паркингот во градот ќе се наплаќа и денеска до 15 часот, а потоа ќе биде бесплатен на секоја паркинг-позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Штипската пастрмалијада“: Кој ќе настапи и која е цената на пастрмаjлиите

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 4 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Од македонскиот пазар се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Арлон, Белгија

Редакција

Убава вест: Оздравени 42 пациенти од корона вирусот, од кои 27 од Скопје

Редакција