South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот.
„Крипто валутите сè уште се табу тема во Македонија. Затоа, решивме да направиме место каде што ќе може да се конектираме со истомисленици и да споделуваме информации за крипто светот додека пиеме уникатни коктели. Ова е локацијата кадешто ќе ги добиеш одговорите на сите прашања поврзани со крипто валути”, вели Нена Панова, ко-основач и менаџер на компанијата Crypto Dive In.
Како дел од новото мени на South Side, ќе може да ги пробате првите коктели инспирирани од крипто валутите и крипто светот.
„Уникатноста на пијачките, стилот, опуштената атмосфера и позитивните луѓе што се наши редовни посетители, го прават коктел барот must-visit локација за секој што ќе ја посети Струмица“, велат од таму.
Од компанијата велат дека поради големиот интерес, во план е во рамки на коктел барот, да се организираат обуки, работилници и презентации на крипто проекти за инвестирање. Во иднина ќе ја има и можноста да се плаќа за коктел во крипто валути.
„Со самото социјализирање во South Side Cocktail Bar, разговарајќи на теми од крипто светот, заклучивме дека на Струмица, воедно и на Македонија, ѝ треба место каде што истомисленици би можеле да разговараат за можностите што ги носи крипто светот, да разменуваат мислења и споделуваат искуства”, вели Иван Христов основач и менаџер на South Side Cocktail Bar.
South Side Cocktail Bar ги поканува сите коишто имаат желба да навлезат во светот на крипто валутите без разлика на нивото на знаење, да дојдат на коктел во крипто барот за да ја стекнат финансиска слобода преку инвестирање во крипто валути.
South Side Cocktail Bar се наоѓа на Плоштад „Маршал Тито” број 7 во Струмица.
За да бидете во тек со активностите на барот, посетете ги нивните профили Facebook и Instagram.