еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ достави барање до Ковачевски за итно разрешување на државниот секретар Азири, кој повика на физичко насилство

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска достави писмо до премиерот Димитар Ковачевски со барање за остра и брза реакција и итно започнување и разрешување на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, ќе им ги скршиме рацете и нозете, вели државниот секретар Азири

На прес-конференцијата пред Владата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека пратениците како директни претставници и застапници на граѓаните во законодавниот дом ја бираат Владата, а токму Владата ги назначува своите владини функционери.

– Овој владин функционер вчера повикуваше на физичко насилство со нанесување на тешки телесни повреди и ова е кривично дело според членот 394-г од Кривичниот законик, дело со кое што се предвидува казна затвор од една до пет години.

Токму поради тоа и поради сериозноста на овој инцидент, а и траорноста на вчерашниот ден за демократијата во Република Македонија, дојдовме и лично го поднесовме барањето за остра реакција од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, од кој што се бара брза реакција, бидејќи само на тој начин ќе покаже дека е противник на повиците за физичко насилство врз народните избраници и ќе упати силна порака до сите дека ова повеќе не смее да се повтори, нагласи Мицевски.

Во спротивно, како што рече, „доколку одлучи да молчи, само ќе докаже и покаже дека охрабрува и дека одобрува секаков вид на насилство и насилничко однесување“.

– На потег е Владата и на потег е премиерот Димитар Ковачевски, заклучи Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адеми од ДУИ на „тапет“ на Твитер за инцидентот во македонското Собрание

„Летаа филџани и шишиња во македонскиот Парламент“: Адеми од ДУИ стана регионална ударна вест

(Видео) Насилство во Собрание: Адеми од ДУИ со шолја за кафе го погоди Азири од Алијанса, а Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со шише

МИА/Фото: Фејсбук/Азири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битиќи не гледа потреба од замрзнување на цените

Редакција

Боки 13 вратен во затвор

Редакција

(Видео) 80-годишниот Ѓоргија се разболел од корона вирусот на неговиот роденден, но ја преброди болеста и испрати порака

Редакција