еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Спасовски ја прими втората доза на „Синофарм“ во Куманово

На вакциналниот пункт во Куманово утрово ја примив втората доза од вакцината на “Синофарм”, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19.

– Ве повикувам да го сторите истото, сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19. Граѓаните кои досега не се регистрирале, тоа може да го сторат на www.vakcinacija.mk, напиша Спасовски.

Фото: Фејсбук/Спасовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 129 случаи на Ковид-19 од 854 тестирања

Редакција

Одзивот на гласачи до 20.45 изнесува 50,86 проценти

Редакција

Фон дер Лајен твитна оти сме имале посебен идентитет, не напиша каков

Редакција