еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нов бизнис: Хотели во Гевгелија нудат преноќување и тестирање за Ковид-19 за српските туристи кои патуваат кон Грција

Српска „Политика“ во нејзиното печатено издание пишува дека српски туристи кои тргнуваат на летување во Грција, преноќуваат во Гевгелија каде што ги собираат потребните документи и се упатуваат кон саканата дестинација.

На социјалните мрежи постоеле и реклами во кои хотелите нуделе тестирања без да се замине во лабораторија.

Еден таков хотел во Гевгелија нуди таква услуга, односно преноќевање и тестирањето изнесува 40 евра. Резултатите се добивале за шест часа, а тестовите се валидни на граница.

Како што објави „еМагазин“ српски граѓани ПЦР-тестови прават во Македонија, бидејќи кај нив еден тест чини 82 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србите прават ПЦР-тестови во Македонија, бидејќи кај нив чини 82 евра

Фото: Општина Гевгелија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стружанка на 56 години почина од корона вирусот

Редакција

Се надеваме на продолжување на соработката во сите области со која влада и да произлезе, порачуваат од Грција

Редакција

На улица во Скопје пронајдена 29-годишна девојка прободена со нож, била нападната од три лица

Редакција