Свечено ги доделив признанијата по повод празникот Свети Никола на граѓани и компанија кои со своето делување го афирмираат Штип и Република Македонија, информираше градоначалникот Благој Бочварски на неговиот фејсбук-профил.
Добитници на признанијата оваа година се:
– Штерјо Наков, почесен конзул на Р. Романија во Р. Македонија со седиште во Штип, стопанственик, поддржувач и афирматор ма Штип.
– Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора во Р. Македонија со седиште во Штип, претседател на Стопанска комора на Р. Македонија
– Пеком Инженеринг, дооел Штип, како општествено одговорна компанија.
Одличјето Свети Никола оваа година во име на граѓаните на општина Штип, е доделено на штипјанецот Стојанче Ангелов.
„Човек кој изминатите години даде свој придонес во зачувување на мирот и слободата на Република Македонија. Голем борец, кој не потклекна пред ниту еден предизвик на патот кон демократизација на нашето општество“, вели Бочварски.
фото: Фејсбук-профил на Благој Бочварски