Во Тетово пристигнаа петте автобуси кои градот ги набави преку кредит од Светската банка со цел да овозможи јавен превоз на патници во рамки на оштинските граници.
Беше извршено примопредавања од страна на фирмата добавувач до општина Тетово.
Градоначалничката Теута Арифи најави дека во Тетово и во скоро време ќе започне организиран градски автобуски превоз.
„Организираниот градски превоз многу скоро ќе биде ставен во функција. Подготвена е целата инфраструктура важна за функција на овој вид превоз, поставени се автобуските постојки, соодветната сигнализација е веќе поставена, а воедно работиме и на едукација на граѓаните за придобивките од овој вид на превоз во градот како и за еколошките придобивки и намалувањето на гужвите низ градот, истакна Теута Арифи.
Министерот за финансии Фатмир Бесими, кој присуствуваше на настанот истакна дека автобусите се земени со поволни услови за кредит од Светска Банка.
„За овој проект одобрени се 1 милион и 200 илјади евра со 13 годишна отплата со 3 годишен грејс период и со 3 отсто каматна стапка. Заштедени се средства со оглед на конкуретна постапка и од 1,2 милиони евра и само 720 илјади се реализирани во цела постапка за овие автобуси.
Што значи дека остануваат дополнителни средства за општината да се искористат за слични проекти од комуналната инфраструктура и се што значи подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните“, рече Фатмир Бесими.
За да почне да функционира јавниот превоз, да се определат распоредот на возење и цените треба да одобри Советот на општина Тетово.
„Паралелно со обврските на формирање на јавното претријатие „Тетово транспорт“ тие на следна седница на советот ќе излезат со предлог за плаќањето како и распоред на движење на автобусите.
Правиме координација и другите ред формалности, имајќи во предвид и пандемија очекуваме брзо да бидат во функција, нема други пречки, освен да помине во Советот одлука за цените и распоредот“, рече Арифи.
На новинарско прашање што ќе се случува со бројните комби возила кои досега вршеа ваков превоз низ градот и селата, а дел од нив се и нелегални, градоначалничката без конрекретен одговор.
„Тие се ситуациии долговечни и колку и самиот град. Важно е да се покрие урбаниот дел со градски превоз и исто така другите прашања ќе се најдат решенија.
За да добиеме кредит од Светска банка имаше направено физибилити студија, без тоа немаше да се добијат средствата. Работиме и градиме урбан концепт околу начинот да се стигне од едно до друго место“, рече Арифи.
Автобусите се од марката на возика „Исузу“, прилагодени за влегување на лица со инвалидски колички, детски колички и луѓе со потешкотии во движењето.
МИА/Фото: Фејсбук/Општина Тетово