еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Урбаната приказна „Ефектот на среќа“ го отвори „Cinedays“

Играниот филм „Ефектот на среќа“ (The Happiness Effect) на режисерот Борјан Зафировски вчера ја имаше својата прва проекција во преполната сала во кино „Милениум“ на отворањето на филмскиот фестивал „Cinedays“.

Остварувањето обработува приказна за една млада девојка која се обидува да ја декодира формулата на среќа и ја истражува моќта на позитивното размислување. Главните улоги ги толкуваат: Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска.

„„Ефектот на среќа“ е естетски бунт против депресивната балканска кинематографија на која сме навикнати и која ја конзумираме секојдневно со децении. Овој пат решивме категорично да одбиеме да ја „продаваме“ бедата на земјава и да се фокусираме на позитивните естетски елементи. Македонија, за жал, според индексот на среќа се наоѓа на претпоследно место во Европа.

Среќата полека ни станува нешто далечно. Токму затоа „Ефектот на среќа“ се обидува да ја обработи моќта на позитивното размислување и како тоа е поврзано со среќата“, вели режисерот Зафировски.

Сценариото е на режисерот Зафировски во соработка со драматургот и писател Дејан Дуковски. Филмот е во продукција на „Ново Македонско Видео”, а копродуценти се: „Њу момент“, V House Animation, Living Pictures, Montenegro Max Film и B2 – PR and Media Solutions.

Филмот е поддржан од: Агенција за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Филмскиот центар на Црна Гора и Кинематографскиот центар на Косово.

„Чест ни е што имавме можност овој филм да го претставиме пред домашната публика, а веќе во план е и да „патува“ на европски и на други фестивали. Филмот е социјална, животна приказна за драма која ја доживува една млада девојка која се соочува со терминална болест и што може таа да направи во периодот што ѝ останал и како да ја најде среќата.

Се работи за современ, модерен филм и горди сме дека успеавме да направиме една убава, урбана приказна која и покрај сè е позитивна. Некако на Балканот влеговме во едно клише на трауматски, депресивни, поствоени, постсоцијалистички филмови и мислам дека ние сме поразлични и отскокнуваме од тоа клише“, изјави продуцентот Сашо Пешев.

Покрај главните актери Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска останатите улоги во „Ефектот на среќа“ ги толкуваат: Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во продукција на МКЦ на фестивалот „CPH:DOX” во Копенхаген

Редакција

(Фото) Пендаровска во Кенија за унапредување на репродуктивното здравје и права на жените

Редакција

И Град Скопје ќе одвои парична награда за екипата на „Медена земја“ во износ од 10.000 евра

Редакција