еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(ГАЛЕРИЈА) Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска подготвуваше оброци во Народната кујна во Шуто Оризари

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска ја посети Народната кујна во Општина Шуто Оризари при што се запозна со реализацијата на иницијативата на оваа Општина за подготовка и дистрибуција на топли оброци за социјално ранливите категории на граѓани.

„Во кујната којашто е во рамки на детската градинка „8-ми април“ секојдневно се подготвуваат по два оброци за околу 200 семејства, а од нејзиното отворање во декември 2020 година до денес подготвени се околу 40.000 топли оброци.

Ѓоргиевска ја поздрави оваа иницијатива истакнувајќи дека во овој кризен период кога многу наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални предизвици, од особено значење е споделувањето на грижа за најранливите категории на граѓани,“ се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

За реализација на активностите во Народната кујна финансиски средства одвојува Општината Шуто Оризари, а иницијативата е потпомогната и од општествено одговорни компании и индивидуалци.

Сите вклучени страни волонтерски го поддржуваат функционирањето на кујната, а во дистрибуцијата на оброците е вклучена и администрацијата на локалната самоуправа.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управата за финансиско разузнавање распиша тендер за набавка на три возила

Редакција

Четворица експерти за надзор на Коридорот 8 добиле 900 илјади евра за еден месец, тврди Мицкоски

Редакција

Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“

Редакција