еМагазин
Image default
Е-излог

(Фото/видео) Летна приказна на Манго: High Summer Campaign 2018

Сите летни приказни треба да започнуваат вака:

Морски брег, природа… Замислете се рано наутро покрај Медитеранското море, идеално место за бегство од секојдневието за вашиот слободен дух. Во попладневните часови, свежиот морски воздух се судира со карпите, а атмосферата станува уште поинтимна.

Романтични и лежерни модели, плетени парчиња, принтови со етно мотиви и земјени тонови преовладуваат во пролет/лето колекцијата на MANGO.

Суштината на Медитеранот

Изгубете се во малото крајбрежно селце Деја на Мајорка. Место во кое растат маслинки  и портокали на ридот над морето.

 Идиличен пејзаж

Заливот е заштитен со карпи со борови – замислете го звукот на брановите кои заплискуваат на брегот и создаваат спокоен и мирен амбиент.

Расејување на сончева светлина

Кога ќе зајде сонцето, ноќите на Деја се претвораат во небесно бегство на море, „тонејќи“ до најтемната сина нијанса на хоризонтот.

Трендови за ова лето

Селекција на облека во која романтизмот го зазема центарот на вниманието, особено во кошулите и фустаните со флорални принтови, набори и деликатни ткаенини од шифон. Ви ги откриваме и принтовите со етно мотиви и везови кои се наоѓаат на фустаните и плетените блузи. Од модните додатоци ги издвојуваме чантите во облик на кошничка и уникатниот накит со деликатни морски елементи.

IFrame

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) #VERYUS – Women’secret ја слави 25-годишнината со вистински жени како сите нас

Редакција

(Фото) Вљубеници во летото: Летни трендови од Women’secret (втор дел)

Редакција

(Фото) Ретро стил во современа форма: Нова фотосесија за Bitsiani есен/зима 2018

Редакција