еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото+Видео) Скопско ја лансираше новата кампања во соработка со маестро Симон Трпчески

Нашиот најпознат пивски бренд Скопско и нашиот најафирмиран пијанист Симон Трпчески со делото „Малешевка“ од албумот „Македонисимо“ (композитор Панде Шахов), се споија во новата кампања за Скопско, која го слави сето она што ја прави македонската музика посебна: ритамот, луѓето, нивните врски, блискоста и заедништвото.

Од Пивара Скопје велат дека токму уникатиот македонски ритам, кој бил и ќе остане инспирација за многу наши и светски музичари, е основа на нашата посебност, која оттаму се отсликува и во природните убавини, во вкусот на храната, во духот на нашите луѓе и нивното заедништво, како и во многу други нешта.

„Нашата музика е тоа што најдобро нѐ претставува во светот, а еден од нејзините најголеми промотери е токму маестро Симон Трпчески. „Македонисимо“ ја издигна таа промоција на едно високо ниво и уште еднаш му покажа на светот дека тука живееле и живеат луѓе со голема душа, кои и покрај сите предизвици се одржале заедно и зад себе оставиле наследство со огромна вредност,“ изјави Марта Завкова, бренд менаџр за Скопско.

За маестро Трпчески, оваа соработка е природна затоа што Скопско и „Македонисимо“ се дел од нашиот идентитет и имаат моќ да нѐ соберат на иста маса, од убавите моменти да направат совршени сеќавања, од секојдневниот оброк гурманско доживување, а од обичната собиранка – дружба за паметење. Тие се сѐ она што сме ние, Македонците.

А како изгледа кога енергиите ќе се спојат на иста бранова должина и ќе создадат нешто убаво и неповторливо, погледнете во видео спотот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трпчески за еМагазин: Македонија ја славиме како што треба да биде свесна дека заслужува, си ги знаеме корените и само треба да ги почитуваме и промовираме

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев нема да добие 1,5 милион евра од Катица Јанева и Боки 13

Редакција

Бесплатнoто паркирање во Hug&Fly зоната на Меѓународниот аеродром Скопје е 10 минути

Редакција

Нов национален рекорд: Во Куманово 260 заболени од коронавирусот на 100.000 жители

Редакција