еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Во кој пукаа две маскирани лица во Ист Гејт

Министерството за внатрешни работи не соопшти детали за пукањето во гаражите на трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, но затоа пак медиумите објавија бројни неофицијални информации за инцидентот.

Повеќе медиуми објавија дека цел на напад бил Раде Трајковски Штекли, кој како што објави телевизијата Телма бил во блиндирано возило.

Тој неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа шест-месечна затворска казна во затворот во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Атина, Грција во 2011 година како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

Телма објави и дека колата која ја користеле двете лица кои пукале во Трајковски е пронајдена запалена кај езерото Треска во близина на Грчец.

Фокус пак објави дека двајцата напаѓачи биле маскирани со фантомки на главите и дека биле вооружени со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки, а излегле од автомобил „Ауди А4′ караван со странски регистерски ознаки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трговскиот центар „Ист Гејт“ продолжува нормално со работа

Пукање во гаражите во трговскиот центар „Ист Гејт“, нема повредени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за командир и двајца затворски полицајци за бегството на Беким Мемети

Редакција

Вкупно 842 здравствени работници во Македонија се заразиле со Ковид-19, оздравеле 732

Редакција

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски останува во притвор, одбиена неговата жалба

Редакција