еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Во Скопје се отвора најголемата игротека под отворено небо

Во Скопје, секој ден, сѐ повеќе и повеќе деца бараат место каде што своите омилени игри ќе ги претворат во реалност. Одговорот на нивните соништа го има најголемата игротека под отворено небо, Mondano Playground Center, која ќе биде отворена во среда, 28.08.2019, во 18.30 часот. Истата е во склоп на Мондано Спортскиот комплекс и се наоѓа веднаш зад гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје.

„Оваа игротека е уште едно поглавје од приказната на Мондано Спортскиот комплекс кој веќе 8 години соработува со гимназијата Јосип Броз Тито. Ние веруваме во тоа дека сите млади заслужуваат простор каде преку спортски активности ќе се развиваат и растат.

Ни претставува исклучително задоволство кога учениците доаѓаат на нашите терени и ги користат бесплатно. Тоа ни беше мотивација да го направиме Mondano Playground center. Сега и најмалите ќе може да доаѓаат за да играат и спортуваат. Тие ќе може да се дружат и да ги развиваат своите моторички способности на големиот Трамболина парк, забавниот Ninja Warrior парк и на Зорб топките за одење по вода“, вели Виктор Михајловски од Мондано.

Мондано Спортскиот комплекс го имаше организирано Green Zone настанот каде беа засадени над 100 зимзелени садници. Истиот ќе го повтори на отворањето на Mondano Playground center каде што секој кој ќе дојде ќе ја има можноста да помогне во посадувањето на над 80 нови садници и на нив да остави лична порака како мотивација и инспирација за секој друг посетител.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Успешна операција на една од најкомплексните аномалии на срцето кај бебе од домашниот тим предводен од Академик д-р Жан Митрев

Никола Осило

(Видео) Новата сказна „Биби и џиновите“ ги освои и децата и родителите

Редакција

Македонските филмови ги препознаваат во светот: „Крајот на времето“ на Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice

Редакција