еМагазин
Image default
Спорт

(Фото) Втора победа на ШК Алкалоид на Европскиот Клупски Куп 2019

Во второто коло на Европскиот Клупски Куп во шах, Алкалоид извојува нова победа над екипата “Raika Rapid Feffernitz” од Австрија.

Текот на мечот покажа дека нема лесни противници, па така по три часа игра резултатот во мечот беше нерешен, со три реми на прва, втора и четврта табла: кај Андреикин, Шанкланд и Криворучко.

Највозбудлива партија беше на Андреикин, каде што велемајсторот од Алкалоид жртвуваше фигура за напад, а противникот успеа да ги најде единствените потези и партијата заврши реми со вечен шах. Потоа, со сигурна игра и победа Владислав Ковалев донесе водство за Алкалоид. Следеа цели поени за Панчевски и Инаркиев до конечни 4,5:1,5 во мечот.

По одиграни две кола, 16 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 4 бода.

Во третото коло, ШК Алкалоид за противник ја има екипата “Mednyi Vsadnik” од Санкт Петербург, Русија – минатогодишниот шампион. Мечот секако ќе биде дерби на колото, и еден од најважните мечеви за Алкалоид на целиот турнир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

OKTA e главен спонзор на машката кошаркарска репрезентација во квалификациите за Светскиот куп 2023

Редакција

Македонските каратисти ќе се борат за две бронзи на Универзијадата во Турција

Редакција

Ѓоковиќ долго време чувствувал психолошки проблеми по депортацијата од Австралија

Редакција