еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Засолништето на планинарите вандализирано: Вреќи песок на грб се носеа за кулата на Титов врв да се направи за поголема безбедност

Планинарската Кула на Титов врв е вандализирана во периодот измеѓу 08-18 декември 2022, информираа од планинарскиот клуб „Argentus mount“ Тетово, на нивната Фејсбук-страница.

На ден 24.12 2022, сабота, во содејство со Комисијата за планинарски домови при ФПСМ е извршен увид, фото и видео документирани штетите направени од ванадлизирањето.

Врз основа на увидот се констатира: вандализирањето е извршено од најмалку две лица за да би можеле на импровизиран начин да навлезат на горниот кат,  учесниците планирано заминале со солидна опрема за палење на шпер таблите и алати за корнење и кршење, со палење на една шпер табла и потоа кршење е навлезено од првиот кат на вториот кат,направена штета од околу 5.000 денари, со насилни удари од внатрешноста со чекиџи на 10 прозори се искршени пластичните стакла-плексиглас, 8 на вториот кат и 2 на првиот кат, направена штета од 15.000 денари, на вториот кат еден прозор со удари од внатре со чекич е целсно откорнат и профилите фрлени надвор, направена штета од 8.000 денари, на вториот кат со удари од внатре со чекич скрешен рамот од еден прозор, направена штета од 6.000 денари, запален агрегатот за струја од 3 KW, со 10 литри бензин во него, направена штета од 20.000 денари, од запалениот агрегат е предизвикан пожар и изгорени се материјали и алати, кои биле зафатени во близината, дополнително ќе се утврдува штетата, со насилни удари уништени метална маса и две метални клупи планирани за приземјето во Кулата, донација од Сава пензиско, направена штета од 12.000 денари, украдена батериска бормашина Black+Decer, направена штета од 5.000 денари, со насилни удари е оштетена трпезариската маса на вториот кат направена штета од 4.000 денари, оштетена опремата од соларниот панел, дополнително ќе се утврдува штетата, изгорени и испокршени и други материјали и алати кои дополнително ќе се утврдат при расчистувањето на штетите.

Со вчерашната акција привремено се затворени сите испокрешени 10 прозори со плексан и дрвени даски со што во Кулата нема да навлегува снег во зимскиов период.

Целосната санација ќе се реалзира наредната година во организација на ФПСМ.

Фото: Фејсбук/Argentus mount“ Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во среде изборна кампања веб страната на ДИК не работи

Редакција

Во Велес труењето на кучиња стана секојдневие

Редакција

Ден на жалост во Прилеп во петок, поради загинатите лекари

Редакција