еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хоспитализирани се на Пластична хирургија: Двајца од повредените во автобуската несреќа вратени во Македонија

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма” во Република Бугарија, претпладнево се префрлени на лекување во УКЦ  „Мајка Тереза” во Скопје, информира Министерството за здравство (МЗ).

Министерот за здравство Венко Филипче, кој ги пречека пациентите, претходно изјави дека и двајцата се стабилни и се со полесни повреди и оти ќе бидат задржани на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

-Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе се направи проценка да се испишат на натамошен домашен третман.

Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент. Целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето, изјави министерот Филипче.

Од МЗ најавуваат дека другите пет пациенти од несреќата кои се на лекување во Софија, ќе бидат отпуштени во фази во зависност од нивната состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил старо-новиот министер Садула Дураки

Редакција

РЕК Осломеј плански исклучен од мрежа

Редакција

Словенечкиот претседател Пахор: Одложувањето на преговорите со Македонија и Албанија е политички и морално погрешно, го поткопува авторитетот на ЕУ

Редакција